Планиран атентат на Илон Маск

Од:

Во текот на викендот на социјалната мрежа „Bluesky“ се појави закана за атентат врз американскиот милијардер Илон Маск.

Имено, еден корисник објави фотографија на која се гледа како Илон Маск стои на тротоарот додека една личност држи пиштол вперен во негова насока, објави денеска Newsweek.

Објавата очигледно беше отстранета од Bluesky, која се смета за алтернатива на X платформата на Маск.

Во објавата објавена денеска, корисникот напишал дека објавата е отстранета затоа што, како што навел, „куп бебиња кои плачат се пожалиле на модераторите“.

Маск, заедно со претприемачот Вивек Рамасвами, беше назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го води Одделот за владина ефикасност во неговата администрација.

„Њујорк тајмс“ во септември објави дека безбедноста на Маск е значително зголемено бидејќи тој станал попознат и имал повеќе контакти.

Маск го чуваат повеќе од 20 безбедносни професионалци кои носат оружје, а со него иде и медицински експерт, пишува весникот.

Би можело да ве интересира

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Илјадници Американци на околу 1.200 демонстрации против Трамп и Маск низ САД

Горан Наумовски

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа