Досегашното раководење со американската Администрација и политиката на претседателот Доналд Трамп „на широко се непопуларни во светот“, покажва истражувањето истражувачкиот центар Пју, спроведно со над 40.000 лица во 37 земји од светот.
Само во две земји, опфатени со анкетата – Русија и Израел, испитаниците изразиле подобро мислење за Трамп, отколку за неговиот претходник, претседателот Барак Обама.
Анкетата била спроведена во периодот меѓу средината на февруари и првата недела во мај, оваа година и според истражувачите, таа открива како луѓето на сите континенти во светот, гледаат на САД и на нивниот нов претседател.
Трамп, кој е само пет месеци во Белата куќа, не направи некакви покрупни и позначајни надворешно политички потези на светската политичка сцена, освен барањето до земјите членки на НАТО да издвојуваат повеќе пари за неговото дејствување и охрабрувањето на земјите од Персискиот Залив да го изолираат Катар.
Аналитичарите, сепак, потсетуваат дека во ова кусо време, Трамп ги протресе односите со силниот американаки сојузник во Европа – Германија, што ја натера канцеларот Ангела Меркел да забележи дека можеби е дојдено време Европа повеќе да не зависи од САД.
Направената анкета меѓу Германците покажува дека дури 86 отсто од нив му даваат поддршка на Обама, наспроти само 11 отсто кои веруваат дека Трамп ќе биде многу подобар.
Таа разлика меѓу новиот и стариот претседател, е најтесна во Индија, земја која важи за американски сојузник, каде 40 отсто од испитаниците повеќе веруваат во Трамп, додека 58 отсто сметаат дека Обама беше подобар претседател.
Во 26 од 37 анкетирани земји, на Трамп се гледа како на „опасен“ како претседател. Во Латинска Америка на него повеќе се гледа како на „силен лидер“, отколку како на квалификуван политичар за функцијата што ја има,
Вкупно 41 отсто од испитаниците, изјавиле дека односите на нивните земји со САД, со Трамп како претседател, нема да се променат, додека само 15 отсто веруваат дека ќе дојде до подобрување .
Далеку највисок процент е забележан во Русија, каде 53 отсто од Русите сметаат дека односите на нивната земја со САД ќе бидат подобри со Трамп, отколку што беа во времето кога Обама беше претседател.
Најголем негативен ефекет за Трамп и неговото досегашно претседателствување има забраната за патување во САД, на државјаните од шест муслимански земји. Само во три држави – Русија, Израел и Унгарија, учесниците во анкетата рекле дека ја подржуваат одлуката на претседателот Доналд Трамп.