Северна Кореја денеска се закани со „соодветен одговор“, три дена откако Јужна Кореја и САД почнаа двонеделни заеднички вежби на нивните воени воздухопловства.
– Многу сме разочарани и тие акти се воена провокација, изјави портпарол на севернокорејскиот Комитет за обединување на двете Кореи.
Минатата година Вашингтон и Сеул објавија дека прекинуваат со неколку големи воени вежби, како дел од дипломатската кампања за прекин на нуклеарната програма на Пјонгјанг.
Портпаролот додаде дека сегашните воени вежби се „отворен предизвик“ за Декларацијата од Панминџон, потпишана од севернокорејскиот лидер и јужнокорејскиот претседател минатата година.
– Ќе има соодветен одговор од нашата армија, потенцира портпаролот.