Пјонгјанг се закани дека секоја година ќе извршува нуклеарни проби и ракетни тестирања

Од:

Пјонгјанг секоја година ќе извршува нуклеарни проби и ракетни тестирања, како одговор на редовните заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја, изјави заменик амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации, Ји Донг-ил.

– Нуклеарните проби и тестирањата на ракети ќе се одржуваат секоја година, бидејќи со таков интензитет се одржуваат и воените вежби на САД и Јужна Кореја, кои тие вежби ги нарекуваат планови. Така и нашите проби ќе бидат планови, посочи севернокорејскиот амбасадор на седница на Советот за безбедност на ОН.

На прашањето дали Пјонгјанг подготува уште една нулкеарна проба, тој одговори: „Сами ќе дознаете“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“