Пјонгјанг повика светот да се крене против американските гангстер империјалисти

Од:

Северна Кореја денеска на одбележувањето на 65-годишнината од избувнувањето на Корејската војна, ја повика меѓународната заедница да се крене против американските гангстер империјалисти.

– Ја повикуваме меѓународната заедница да се крене низ целиот свет против САД и да ги распарчи американските гангстер империјалисти. Азија треба да стане и ја исече десната рака на САД, Африка треба да стане и ја исече левата рака, Блискиот Исток да ги исече нозете, а Европа да го пресече вратот, се наведува во соопштението на севернокорејската Национална одбранбена комисија.

Тоа е единствен начин САД да се изивини на војската и народот на Северна Кореја и да крене бело знаме, се наведува во соопштението на Националната комисија за одбрана по повод годишнината од Корејската војна, за која Пјонгјанг го обвинува Вашингтон.

По повод годишнината од почетокот на Корејската војна во Јужна Кореја премиерот Ким Хванг-синг на државната церемонија повика на иднината. – Треба да ја зајакнеме нашата безбедносна подготвеност и воена моќ, бидејќи ситуацијата на Корејскиот Полуостров се уште е нестабилна, шест децении по крајот на војната. Владата остро ќе се носи со какви било провокации од Северна Кореја, предупреди Хванг.

Во воружениот судир од 1950 до 1953 година на Корејскиот Полуостров на страната на Северна Кореја учествува Кина, а на страната на Јужна Кореја САД и други западни држави.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт