Пјонгјанг: Новите санкции на ОН претставуваат непријателски чин

Од:

Северна Кореја денеска целосно ги отфрли новите санкции на ОН воведени кон нејзини државјани и субјекти, оценувајќи дека тие претставуваат непријателски чин, кои нема да ја откажат од плановите за продолжување на развојот на сопствена нуклеарна програма.

– Незавсино од тоа какви санкции и притисоци ќе следат, ние нема да отстапиме од патот за изградба на наши нуклеарни сили, со кои избравме да го браниме суверениетот на земјата и нашето право за национално опстојување и се движиме кон конечна победа, соопшти севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Реакцијата на Пјонгјанг следи по вчерашната одлука на Советот за безбедност на ОН, кој едногласно усвои резолуција за проширување на меѓународните санкции кон Северна Кореја.

Со најновата одлука на 14 севернокорејски официјални претставници им се забрануваат патувања и им се замрзнуваа имотот и средствата во странство. Замрзнување на средствата е воведено и кон четири компании.

Имињата на овие поеднинци и компании се надополнети на листата на 39 севернокорејски претставници и 42 фирми и организации, кон кои од претходно беа воведени санкции поради развојот на ракетната и нуклераната програма на Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт