Пјонгјанг: Научниците кои ги развиваат нуклеарните ракети дочекани како херои

Од:

Илјадници мажи во свечени костуми и жени облечени во традиционални фустани се собраа долж улиците на Пјонгјанг со цел да ги дочекаат како херои научниците и работниците кои работеле на најновата ракетна проба на Северна Кореја.

– Народен дочек полн се ентузијазам за воените научници, стои на насловната страница на провладиниот весник „Родонг Синмун“, со фотографија на лицата кои ја развиле севернокорејската балистичка ракета со најголем дострел досега.

Весникот ги поздравува оние кои се заслужни за изработката на балистичката ракета „Хвасонг-12“ со среден дострел, бидејќи му ја покажале на светот „силата на моќната нуклеарна држава што се потпира само сама на себе“.

На фотографиите се забележуваат стотици научници и работници во воени униформи како ги поздравуват огромните статуи на поранешните претседатели Ким Ил-Сунг и Ким Џонг-ил во центарот на Пјонгјанг.

На друга фотографија се прикажани граѓаните како веат црвени знамиња и носат вештачко цвеќе додека ја поздравуваат колоната на автобусите во која се наоѓаат научниците.

Северна Кореја во неделата изврши тестирање на нејзината нова ракета што има најголем дострел досега.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт