Пјонгјанг ги обвини САД за падот на интернетот во Северна Кореја

Од:

Пјонгјанг ги обвини САД дека се одговорни за падот на интернетот во Северна Кореја измантите денови, во момент на отворен судир меѓу двете земји поради хакерскиот напад на „Сони Пикчрс“.

САД без срам почнаа да ги нарушуваат интернет операциите на медиумите во нашата земја, се наведува во соопштение на Националната комисија за одбрана на Северна Кореја, објавено од корејската централна телеграфска агенција.

– Обама секогаш дејствува невнимателно на зборови и дела, исто како мајмун во прашума, изјави портпаролот на политичкиот одел на Националната комисија за одбрана.

Тој го обвини Вашингтон за постојаните паѓања на севернокорејските интернет провајдери изминатата недела, откако САД ветија дека ќе одговорат на нападот врз „Сони Пикчрс“.

Портпаролот, исто така, ги отфрли обвиненијата на ФБИ дека Северна Кореја стои зад кибер нападот врз „Сони Пикчрс“ и побара САД да објават докази за таквите тврдења.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски