Пјонгјанг: Блокадата на САД слична на ленинградската или кубанската

Од:

Високиот воен орган на Северна Кореја ги обвини денеска „непријателските сили, поддржани од Вашингтон“ дека ја ставаат земјата во блокада, слична на кај Ленинград во Втората светска војна или кон Куба во времето на ракетната криза.

Портпаролот на Централната воена комисија преку соопштение изјави дека последните резолуции на Обединетите нации во однос на Пјонгјанг се „анахрони и самоубиствени“ и можат да испровоцираат нуклеарен напад врз американскиот континент.

Советот за безбедност на ОН на почетокот на минатиот месец усвои пакет санкции против Северна Кореја, кои се најтешките досега, како одговор на нејзината четврта нуклеарна проба на 6 јануари, по која ја на 7 февруари беше истрелана ракета, што меѓународната заедница го сметаше за прикриено тестирање на балистички проектил со голем дострел.

– Тие санкции се дело на американските и другите непријателски сили, кои се одлучни да извршат масовен напад врз Северна Кореја за да ја уништат. Блокадата на Ленинград, која внесе ужас меѓу луѓето и карипската криза од времето на Студената војна не можат да се споредат со оваа ситуација, изјави претставникот на Пјонгјанг.

– Оваа кампања сепак нема да го урне борбениот дух на Пјонгјанг и само ќе ја зацврсти неговата одлучност, нагласи тој и додаде дека САД се на пат да испровоцираат криза, која би можела да ја натера Северна Кореја во секој момент да преземе соодветен чекор – нуклеарен напад врз американскиот континент.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот