Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека вчерашниот американски ракетен напад врз сириска воена база претставува „непростлив акт на агресија“, што покажува дека Пјонгјанг е во право што развиба нуклеарно оружје.
Тоа е прва реакција на Северна Кореја откако американските воени бродови од Средоземно Море истрелаа десетици ракетиврз сириска воено воздухопловна база за која Пентагон тврди дека била вмешана во нападот со хемиско оружје во провинџијата Идлиб.
Дипломатско изолираната Северна Кореја ја смета Сирија за клучен сојузник.