Куче од расата питбул, кое било чувано во домашни услови, во населбата ,,Жижков” во Прага нападнало дете гризнувајќи го во вратот, по што детето починало, јави дописникот на МИА од Прага.
– Потврдуваме дека интервениравме во таков случај, изјави полицискиот портпарол Јан Дањек.
Со оглед на возраста на детето и по барање на семејството, тој одби да даде подетални информации. Кучето е однесено на ветеринар на испитување.
Во Чешка, годишно се регистрираат по неколку напади на кучиња врз деца. Во 2010 година, четиригодишно дете падна од балкон во кафез со два питбула и не преживеа. Во 1998 година едно 11-годишно момче почина откако беше искасано од сопственото куче, булмастиф.