Писмата на Брејвик ќе останат во затворот

Од:

Управата во затворот во Норвешка, блокирала 220 писма на масовниот убиец Андерс Брејвик, со цел да го спречи да создаде мрежа од контакти надвор од затворот.

– Одбивме да ги испратиме неговите писма од безбедносни причини. Ја контролираме неговата комуникација и нема да му дозволиме да создаде мрежа од контакти, која би можела да му овозможи да изврши уште злосторства – изјави за „Франс прес“ портпаролот на затворската управа Илинг Фаест, но одби да зборува за содржината на блокираните писма.

Брејвик кој на 22-ри јули 2011 година уби 77 лица во име на борба против мултикултура и муслиманска инвазија, моментално е на отслужување на затворска казна во траење од 21 година, која може да биде продолжена доколку се процени дека се уште претставува опасност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ