Некогашниот главен уредник на британскиот весник „Дејли Мирор„ Пирс Морган, по втор пат е испрашуван од лондонската Метрополитен полиција,во врска со истрагата што се води за прислушувањето на говорната пошта од мобилните телефони.
Во соопштението на полицијата не се споменува неговото име,освен што се вели дека сослушувањето биле претходно договорено,но на својата интернет страница,Морган самиот открива дека бил испрашуван неколку часови,но дека не бил уапсен.
Прв пат,Морган беше сослушуван, за истата афера,во декември 2013 година.
Аферата со „ловење на говорната пошта„ од мобилните телефини на познати британски јавни личности,веќе девет години се провлекува во домашната јавност.
Почна во средината на 2006 година,откако беа уапсени еден новинар на сега згаснатиот неделник „Њуз оф д Ворлд„ и еден поранешен приватен детектив,соработник на новинарот,обвинети за „читање„ на пораките на некои од соработниците на принцовите Вилијам и Хари.
Шест месеци подоцна,двајцата беа осудени за повреда на приватноста,на четири,односно шест месеци затвор.Скотланд Јард тогаш соопшто дека нема сознанија за други такви случаи,но три години подоцна,пролабуристичкиот „Гардијан„ заедно со група лабуристички пратеници од левичарското крило на партијата,започнаа „војна„ со медиумскиот магнат Руперт Мардок и неговата новинска компанија во Британија,откако тој понуди да ги откупи сите акции на бродкастерската компанија „БискајБи„ која инаку беше основана и разработена од Мардок.
Во таа „војна„ беше отворена аферата со прислушувањето и притоа главната вина беше ставена врз мардоковата компанија и посебно врз „Њус оф д Вордл„.Кога „Гардијан„ објави дека се ловени и пораките на „обични луѓе„ премиерот Дејвид Камерон, кого опозицијата го обвинуваше за блискост со Мардок и неговите медиуми,побара јавна истрага за прислушувањето,а новинскиот тајкун одлучи да го затвори својот најтиражен неделник „Њиз оф д Ворлд„ по 175 години постајано излегување.
Компанијата „Мирор„ која застана на страната на „Гардијан„ тврдеше дека нејзнинте изданија „немаат потреба да прислушуваат„ но кога се разбра дека „Дејли Мирор„ ги ја користел истата техника на ловење на говорната попта,а како жртви се појавија и Пол Макартни и неговата поранешана оспруга Хедер Милс,истрагата на полицијата се прошири и врз оваа новинска компанија и на нејзниот главен весник.
Пирс Морган беше главен уредник на „Дејли Мирор„ од 1995 до 2004 година,кога беше сменет од раководството на комапнијата,затоа што се откри дека весникот објавил лажни фотограгии,со наместени сцени снимени во Англија,за тоа како британски војници,наводно,малтретираат Ирачани.
Подоцна тој замина во САД,каде го наследи Лари Кинг во неговото „толкинг шоу„ но таму остана неполни три години,затоа што управата на Си-Ен-Ен не му го обнови договорот,бидејќи истата програма,со Морган како водител, доживеа драстичен пад на гледаноста.
Во едно интервју,во тоа време, Пирс Морган призна дека тој ја имал слушнато снимката од расправијата на Макартни и Милс,добиена од нивната размена на говорни пораки,преку мобилни телефони,но тврдеше дека додека бил главен уредник, не знаал за прислушувањето во „Дејли Мирор„ ниту одобрил да се прави тоа.