Пиратството е намалено, но не исчезна од опасните води на југоисточна Азија

Од:

ДПА – Хамбург

Владите во југоисточна Азија немаат контрола врз проблемот со морското пиратство. Но нивните чекори не треба да се ограничуваат само на следењето за почитување на законите, велат аналитичари.

На почетокот на годинава, еден сопственик на танкер падна во очај откако не успеа да се поврзе со бродот кој минувал преку полниот со пирати премин Малака – најоптоварениот морски пат на светот.

Тој се поврзал со индонезиската полиција која веднаш испратила два воени брода да го пронајдат исчезнатиот танкер, натоварен со 4000 тони бродско гориво.

По два дена потрага, помогнати од набљудување од воздух и разузнавачки информации од Малезија, Сингапур и Тајланд, танкерот бил пронаден и индонезиските воени сили прават препад и апсат девет пирати и го спасуваат 20-члениот неповреден екипаж.

Преминот Малака е светска супермагистрала за бродови, која е најкраткиот пат меѓу Индискиот Океан и Тихиот Океан.

Секоја година над 120,000 бродови минуваат од таму што го претвора преминот во магнет за пирати и крадци.

Карстен фон Хислин од Светската иницијатива против трансграничниот организиран криминал посочи дека „исклучително многу острови им стојат на располагање на пиратите како скривалишта или бази“.

– Ширината на морскиот премин Малака варира од едвај 10 морски милји (18,5 км.) на југ до 125 морски милји (231 км.) на север. Тоа го скусува вемето пиратите да се се сокријат и им дава можност да дејствуваат со своите мали бродови, дополнува тој.

– Всушност, зголемениот број патроли од Малезија, Индонезија, Сингапур и Тајланд значително го намалуваат бројот на препади, вели Ахмад Пузи бин Абдул Кахар, генерален директор на Малезиската агенција за морска контрола. „Ги поправиве пропустите во нашите операции и дополнителоно ја засиливме координцијата“, посочи тој за ДПА.

Малезискиот министер за одбрана Хишамудин бин Тун Хусеин соопшти дека патролите за воздушно набљудување, како и размената на разузнавачки информации меќу четирите земји Малезија, Тајланд, Сингапур и Индонезија ги засилиле операциите против пиратите.

Засилената соработка даде позитивни резултати во спраувањето со тој проблем во преминот Малака, велат од Меѓународното поморско биро, светска организација за борба против пиратството.

Податоци од бирото наведуваат дека во првото тримесечје од годината, имало само четири инциденти на кражби на ниско ниво во преминот, и нема информации за вакваи настани во споредба со 13 киднапирања за првите три месеци во 2015 година.

Јан Стори, соработник во сингапурскиот Институт за Југоисточноазиски истражувања, посочи дека влдите треба да направат нешто повеќе од тоа поактивно следење на почитување на законите.

– Пиратството не може никогаш да биде целосно искоренето во југоисточна Азија заради геополитичките фактори, лоши социјално-економски услови и корупцијата, изјави тој за ДПА. „Целта е проблемот да биде ограничен до нешто како нарушување на редот, а не да биде голема закана за безбедноста“, доплни тој.

Стори обрнува посебно внимание на неопходноста влдите да се зафатат со сиромаштијата во заедниците во крајбрежните области, што е природната средина за пораст на пиратството.
– Земјите од регионот треба да одвојат поголемо внимание за справување со корените на проблемот, посебно за намалување на сиромаштијата и невработеноста во крајбрежните области, посочи тој.

Фон Хисолин ги повикува владите да го решат проблемот со корупцијата, особено во Индонезија, каде се случуваат најмногу инциденти поврзани со пиратството.

Поморските агенции треба подобро да плаќаатза да се спречи традицијата да се работи на две места, во полицијата и во воените поморски служби, што директно го намалува создавањето на можности за организиран криминал, стои во извештај насловена „Економијата на пиратството во југоисточна Азија“ кој беше објавен во мај годинава.

Проблемот со пиратството во југоисточна Азија всушност е раширен и надвор од преминот Малака, и стигна до морињата Сулавеси и Сулу, каде зачестија нападите кои ги вршат филипинските исламистички бунтовници од организацијата Абу Сајаф.

Над 100,000 бродови и 18 милиони патници минуваат годишно преку областите на мкорињата Сулавеси и Сулу, кои се наоѓаат помеѓу Малезија, Индонезија и Филипините, а товарите достигнуваат вредност до 40 милијарди долари.

Во март и април наводни борци на од Абу Сајаф задржаа во јужните филипински води два индонезиски и еден малезиски брод, и земаа за ложници 18-член бродски персонал.

Според Строи, неодамнешната изјава на раководителите за одбрана на Малезија, Индонезија и Филипините за создавање на безбедни транзитни коридори за бродовите кои преминуваат во областа е „чекор во правилна насока“.

Но тој исто вели и дека се забележуваат и противречни ставови за планот за морињата Сулавеси и Сулу, да се воведат патроли исто како и во преминот Малака.

– Патролите во Малака покажаа силен ефект во изминатата деценија, но останува да видиме дали тој резултат ќе биде повторен во облста на корињата Сулу и Сулавеси, кои имаат доста подолга традиција на беззаконие отколку Малака, подвлече тој.

Би можело да ве интересира

Пирати нападнале брод во Атлантикот, шест лица грабнати

А1он

Африкански пирати ослободија турски морнари киднапирани минатиот месец

Жарко Настоски

Пирати заробија танкер со 19 членови екипаж близу Нигерија

Ана Ололовска

Морето на западноафриканскиот брег најопасно за пловидба

Ана Ололовска

Кинеската морнарица спречи пиратски напад

Ана Ололовска

Спасени сите морнари од киднапираниот брод од сомалиски пирати

Ана Ололовска