Пирати повторно „оперираат“ во Јужното Кинеско Море

Од:

Агенцијата за борба против поморското пиратство од Куала Лумпур денеска потврди дека минатата ноќ пирати нападнале и ограбиле малезиски танкер во делот на Јужното Кинеско Море што се наоѓа меѓу Малезија и островот Борнео.

Ова е деветти напад на пирати во овој дел на Јужното Кинеско Море годинава.

На мошне фреквентниот поморски пат пиратите напаѓаат ноќе, го земаат товарот и ги уништуваат уредите за комуникација. Досега немало човечки жртви при ваквите напади.

Од малезиската Агенција за борба против пиратите упатуваат апели екипажите на бродовите да бидат повнимателни во ризичните води, но бараат и поголема соработка на државите од регионот. Отсуството на меѓународна соработка може да придонесе овој поморски пат, слично на последните три децении од минатиот век, да стане опасно за бродовите.

Различните гледања на државите од југоисточна Азија на правото на сувереност на водите во Јужното Кинеско Море, укажуваат експертите, само им помага на пиратите во нивните криминални операции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски