Пирати фрлиле врзани рибари во морето

Од:

Немилосрдни пирати од индискиот Океан, врзале најмалку 16 рибари и ги фрлиле во водите на бенгалскиот Залив, оставајќи ги да се удават, соопшти денеска полицијата на Бангладеш.

Во соопштението се вели дека екипажот на еден рибарски брод, во близина на прочуената плажа Кокс Базар, прво пронашле три безживотни тела како плутаат во Бенгалскиот Залив во близина на островот Кутубдиа, за подоцна да пронајдат уште мртви давеници.

“Тие откриле три тела со врзани раце и нозе со јаже и ги извадиле на брегот. Рибарите ни кажаа дека виделе најмалку 16 тела како плутаат во морето”, рече заменик на локалниот командир на полицијата Имран Бхуијан.

Тој додаде дека на телата немало повреди и дека веруваат дека пиратите живи ги фрлиле во морето.

Бангладешката полиција претпоставува дека пиратите ги убиле рибарите за да ги украдат бродските мотори,рибарските мрежи и уловот.

Би можело да ве интересира

Пирати нападнале брод во Атлантикот, шест лица грабнати

А1он

Африкански пирати ослободија турски морнари киднапирани минатиот месец

Жарко Настоски

Пирати заробија танкер со 19 членови екипаж близу Нигерија

Ана Ололовска

Морето на западноафриканскиот брег најопасно за пловидба

Ана Ололовска

Кинеската морнарица спречи пиратски напад

Ана Ололовска

Спасени сите морнари од киднапираниот брод од сомалиски пирати

Ана Ололовска