Пилотот на паднатиот авион на „Флај Дубаи“ дал отказ поради „исцрпеност“

Од:

Капетанот на авионот на компанијата „Флај Дубаи“ што се урна во саботата во Русија, Кипранецот Аристос Сократес имал дадено отказ во времето кога управувал со „Боингот“, поради премореност на работата и честата исцрпеност, изјавиле за Би-Би-Си негови колеги, кои инсистирале да останат анонимни.

Еден од пилотите кои зборувале за британскиот медиум тврди дека измореноста и исцрпеноста биле одлучувачките фактори за падот на авионот.

„Боингот 737-800“ на компанијата „Флај Дубаи“ се урна во услови на лошо време, во близината на аеродромот кај Ростов на Дон, при што загинаа 62 лица, меѓу кои и седумината членови на екипажот.

Според извештаите од истрагата, авионот се откажал од првиот обид да атерира, па два часа кружел над аеродромот пред да направи втор обид за слетување, кога и се урна недалеку од пистата.

Во разговор за Би-Би-Си, пилотите рекле дека сите колеги на Сократес секојдневно се соочуваат со ризкот од измореност, откривајќи дека еден пилот бил откриен како заспал во кабината за време на летот поради преголемата истоштеност.

Тие тврдат дека кипарскиот пилот кој загина во кобниот лет од Дубаи до Ростов, имал дадено отказ, но дека се уште работел за да ги задоволи прописите за тримесечен отказен рок, на што бил обврзан со договорот.

На своите колеги Сократес им се пожаил дека заминува поради големата измореност и поради начинот на живот во компанијата.

Пилотите тврдат дека сите летачки екипажи работат подолго од стандардните норми, а дека од ноќна смена на дневното летање се префрлаат без доволно одмор.

Тие велат дека дури половината од пилотите страдаат од исцрпенист на работа.

„Флај Дубаи“ одбила да ги коментира ваквите тврдења на своите пилоти, објаснувајќи дека сите случаи со пилотите на компанијата се доверлива работа.

Пилотите сепак велат дека кога тие им се жалеле на своите директори и на управата за условите за работа, им било речено дека во „Флај Дубаи“ не постои исцрпеност од работа.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија