Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

Од:

Двајца пилоти на патнички авион на Етиопијан ерлајнс заспале на сред лет, но на крајот успеале да слетаат и никој од патниците не бил повреден.

Летот патувал од Картум до Адис Абеба на 15 август, но пилотите заспале на височина од 11.277 метри. Кога требале да почнат да се спуштаат до аеродромот, контролата на летот веќе не можела да контактира со нив.

Екипажот се разбудил откако се исклучил автопилотот на авионот и се огласил алармот. Пилотите успеале безбедно да слетаат, а авионот останал на пистата околу два и пол часа пред да полета за следниот лет, пишува Дејли Мејл.

„Длабоко вознемирувачки инцидент од најголемата африканска авиокомпанија. Боинг 737 #ET343 на Етиопијан ерлајнс сè уште беше на надморска височина од 11.277 кога стигна во Адис Абеба. И зошто не почна да се спушта? Затоа што и двајцата пилоти заспаа“, напиша на Твитер аналитичарот за авијација Алекс Мачерас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

Цената на авионскиот билет од Москва до Белград достигна цена од 12.000 евра

А1он

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј