Пилоти од една анонимна авиокомпанија во тек на слетување на аеродром во Манчестер во јуни забележале невообичаен настан, поради кој биле шокирани.
Наводно на висина од околу 1000 метри, во моментот додека летале над Макосфилдон, покрај авионот 320, се појавил човек во лет, кој се приближил на стотина метри до леталото.
Екипажот бил шокиран, бидејќи немало никакво јаже или слично со што човекот би бил врзан. Мистериозниот летач, кого очевидците го нарекоа „Супермен“, не е забележан на радар, а со дополнителни приверки е утврдено дека на тоа подрачје немало параглајдери, падобранци ниту воздушни балони на небото.
-Најпрвин е забележан на неколку стотина метри над леталото од левата страна, а потоа поминал покрај нив надолу. Немале време да направат каква било маневра за да го избегнат- стои во извештајот на британската агенција, специјализирана за следење на потенцијално опасни блиски средби во воздушниот сообраќај.
Крис Јејтс, експерт за авио сообраќај по проучување на извештајот во кој во рамките на политиката на агенцијата не се наведени имињата на членовите на екипажот ниту компанијата со која сообраќале вели дека се работи за потполна мистерија.
Е. Г.