Пилот заспал за време на лет над Атлантикот

Од:

Новозеландскиот национален авиопревозник соопшти дека еден пилот на компанијата спиел за време на лет од Лондон до Лос Анџелес.

Air New Zealand наведува дека пилот на Боинг 777 признал дека спиел во два наврата за време на лет над Атлантикот во 2011 година.

Во извештајот се вели дека безбедноста на патниците не била загрозена, бидејќи пилотот не бил сам во кабината во тие моменти.

– За време на лет на голема висина, еден од двајцата активни пилоти задремал двапати на околу 1,5 минута и сам се разбудил. Вториот пилот бил свесен за ситуацијата и безбедноста ниту во еден момент не била доведена во прашање, објави Њу Зиланд хералд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски