Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Од:

Пијан маж вчера провалил во козметички салон во близина на Варшава и заспал на една од фотелјите, а иако тврди дека не се сеќава на ништо, му се заканува казна затвор до пет години, јавува полската новинска агенција ПАП.

Полицијата одговорила на пријавата дека маж упаднал во салон за убавина во Пјасечно во близина на Варшава.

Кога пристигнала полицијата, 23-годишниот маж спиел на фотелја, држејќи го цврсто мобилниот телефон во рацете. Полицајците го разбудиле, а тој им рекол дека е пијан и не се сеќава на ништо.

„И покрај неговата „амнезија“, тој нема да може да ја избегне одговорноста за тоа што го направил, а за кривичното дело уништување или оштетување туѓ имот му се заканува затворска казна од три месеци до пет години“, изјави портпаролката на полицијата.

Во рамки на истрагата за кражба, полицијата утврдила дека мажот за кој е потврдено дека бил под дејство на алкохол, наводно направил штета од 8.000 злоти (1.854 евра), бидејќи ги оштетил и троседот, кабинетите и козметиката.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка