Пијан Канаѓанец се обиде да остави „бакшиш“ од 99 илјади евра за обичен сендвич, но заврши во затвор

Од:

Триесет и пет годишен пијан Канаѓанец сакаше да остави „бакшиш“ од 99 илјади евра за обичен сендвич, но на крајот заврши во затвор.

Пијаниот клиент во бар во градот Бари, стотина километри северно од Торонто, порачал сендвич за седум долари. Кога келнерката му го донела тој изјавил дека ќе плати со картичка и најавил дека ќе остави напојница од 98.932 долари.

Канаѓанецот ја извадил картичката и се обидел да ја плати сметката со неа, но трансакцијата била отфрлена, поради големата сума што ја внел.

Сопственикот на барот се јавил во полицијата поради проблеми со клиентот, кој не можел да ја плати сметката.

Полицијата го привела пијаниот и дарежлив клиент и го испратила на токсиколошкото одделение во околната болница. Истрагата покажала дека на Канаѓанецот му била издадена судска забрана за конзумирање алкохол, која тој ја прекршил.

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација