Пезешкијан: Техеран се стреми кон стабилност и ги смета сите исламски земји за „браќа“

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ја пофали улогата на Пакистан во посредувањето во неодамнешните преговори за прекин на огнот меѓу Иран и САД, опишувајќи ги напорите на Исламабад како „ефикасни и одговорни“ и велејќи дека Иран останува посветен на траен мир и стабилност во регионот.

За време на состанокот во Техеран со началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, Пезешкијан, исто така, изрази благодарност за улогата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во олеснувањето на прекинот на огнот, како и за дипломатските напори за време на разговорите во Исламабад, објави иранската Прес ТВ.

Иранскиот претседател нагласи дека Техеран се стреми кон стабилност и ги смета сите исламски земји за „браќа“, повикувајќи на зајакнување на единството меѓу муслиманските држави за да се спречат понатамошни конфликти и надворешни интервенции во регионот.

Тој нагласи дека Иран презема, како што рече, одбранбени акции во самоодбрана, но во исто време повика на зајакнување на соработката и избегнување на понатамошна ескалација.

Пезешкијан оцени дека исламските земји би можеле да работат заедно на сопствените безбедносни механизми и долгорочна стабилност, споредувајќи ја оваа идеја со постојните модели на регионална соработка во други делови од светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он