Пезешкијан: САД наметнуваат нереални барања

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезизкијан денес изјави дека САД поставуваат „нереални и нефункционални“ барања кон Иран, нагласувајќи дека Вашингтон, од една страна, води политика на максимален притисок, додека од друга страна очекува Техеран да седне на преговарачка маса и да прифати еднострани услови.

– Проблемот е што САД истовремено водат политика на максимален притисок врз нашата земја и очекуваат Исламската Република Иран да се согласи со нивните еднострани барања. Таквата равенка е нереална и невозможна, рече тој, објави Ал Џезира.

Тој истакна дека САД двапати го нападнале Иран за време на преговорите. Тој го повтори ставот на Техеран дека Иран е подготвен за преговори, но само под „правилни услови“.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски