Две експлозии одекнаа во ресторан во Сомалија, кој најчесто го посетуваат владини службеници, при што загина 15 лица, соопшти сомалиската полиција.
Според првичните информации автомобил-бомба и бомаш-самоубиец експлодирале во ресторанот, кој се наоѓа во близина на владината зграда.
Во експлозиите се ранети најмалку 20 лица.
Ресторанот и претходно бил цел на напади. Екстремистите од групацијата Ал Шабаб, го нападнаа објектот минатиот ноември.