Најмалку 15 лица загинаа, а околу 70 се потешко повредени во пожарот, кој избувна синоќа во фабрика за пакување облека во близина на главниот град на Бангладеш, Дака, соопшти локалната полиција.
Десетици работници се префрлени во болница поради изгореници, а пожарникарите продолжиле да го гаснат пожарот, кој се проширил на сите четири ката на фабриката.
– Пожарот избил кога работниците почнале да стигнуваат на работа, имало околу сто лица во моментот кога се почнало да гори, изјави претставникот на фабриката Мохамед Актаружаман и додаде дека причината за пожарот се уште не е позната.
Пакување на веќе изработена облека е меѓу дејностите со најголемите приходи за бангладешкото стопанство, преку кое на годишно ниво се остварува профит од околу 28 милијарди долари.
Лошите противпожарни системи се честа појава во оваа земја во која во 2013 година загинаа 1.100 фабрички работници, меѓу кои се стотина загинати во уривање на една фабрика.