Петмина загинати во шумски пожари во Шпанија и Португалија

Од:

Шумски пожари однесоа три животи во Португалија и два во Шпанија.

Во Шпанија, пожар ја зафати северозападната област Галиција, при што двајца патници загинале кога нивниот автомобил го зафатил огнот додека патувале во близина на градот Нигран.

Пожари му се закануваат и на градот Виго, каде приградска студентска населба морала да биде евакуирана.

Вкупно 150 пожари беснеат низ Шпанија денеска.

Во Португалија, пак, се регистрирани 440 шумски пожари, во средните и северните делови на земјата.

Трите смртни случаи се пријавени во областите Пенакова и Серта, при што имало и 25 повредени лица.

Дваесетина села морале да бидат евакурани. Поради пожарите, прекинат е сообраќајот меѓу најголемите португалски градови Лисабон и Порто.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации