Најмалки пет лица загинаа, а 13 други се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба пред една полициска станица во сомалискиот главен град Могадишу.
Според полицискиот капетан Мохамед Хусеин, поголемиот број од жртвите при нападот се цивили.
Хусеин нагласи дека експлозијата се случила на прометна улица во градот и дека најверојатно станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Засега никој не презеде одговорност за експлозијата на автомобилот-бомба, но во минатото екстремистичката група Ал Шабаб често извршуваше слични напади во Могадишу.