Петмина загинати и шестмина ранети во напад врз хотел во Кабул, ослободени 54 заложници

Од:

Пет лица, вклучувајќи и тројца странци, се убиени при напад врз хотелот „Парк Палас“ во авганистанската престолнина Кабул, пренесува БТА.

Шест лица се ранети, а 54 заложници се спасени, информираа американските медиуми.

ТАСС соопштува дека најмалку петмина странци се загинати, повикувајќи се на информација на телевизијата „Ал Арабија“.

Според информацијата на телевизијата, во нападот учествувале најмалку петмина напаѓачи, а не тројца, како што претходно беше соопштено.

Според ДПА, меѓу ранетите има тројца вработени во хотелот „Парк Палас“, двајца странци и еден војник.

Според британските медиуми, што се повикуваат на дипломатски извори, меѓу загинатите има еден Американец и двајца Индијци. Засега не се познати деталите за идентитетот на жртвите.

Шефот на кабулската полиција, генерал Абдул Рахман Рахими, информира дека нападот почнал во 8:30 часот по локално време (16:30 по Гринич). Напаѓачите отвориле оган во ресторанот на хотелот „Парк Палас“, каде некои од гостите биле присутни за претстојниот концерт, а други вечерале.

Авганистанските специјални служби изведоа петчасовна операција
на спасување на заложниците.

Шефот на полицијата додаде дека полицијата убила најмалку еден напаѓач, но не даде други детали. За време на опсадата биле слушнати две експлозии.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но стилот многу наликува на нападите на талибанците, забележеуваат светските агенции.

Талибанците ги засилијаа нападите откако прогласија „пролетна офанзива“ по повлекувањето на повеќето странски војници од оваа земја.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица