Петмина загинати, десетици повредени во автобуска несреќа во близина на Нијагарините водопади

Од:

Петпатници загинаа, а десетици се повредени кога туристички автобус се преврте на автопат во северниот дел на Њујорк. Автобусот превезувал околу 50 туристи кои се враќаa од Нијагарините водопади, од кои повеќето се од индиско, филипинско и кинеско потекло, соопшти државната полиција. Меѓу нив има и деца.

Несреќата се случи во близина на Бафало, недалеку од канадската граница.

„Веруваме дека возачот бил расеан од нешто, ја изгубил контролата и претерано реагирал пред возилото да заврши во канал“, изјави поручникот на државната полиција на Њујорк, Андре Реј, исклучувајќи ја можноста за механички дефект или возење под дејство на дрога.

Возачот не е повреден во несреќата.

Дваесет и еден патник биле однесени во локалните болници, но ниту еден не бил во животно-загрозувачка состојба.

Би можело да ве интересира

Техеран: Децата сочинуваат 30 отсто од жртвите во американско-израелската војна против Иран

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран

Трагедија во Иран: Загинаа 20 одбојкарки, бомби паднаа среде натпревар

Црна иранска статистика: До денес убиени се 555 лица, нападнат е 131 град

Горан Наумовски

Смртоносна експлозија во Кабул: Плинска боца однесе најмалку осум животи