Петмина туристи загинаа во лавина во Канада

Од:

Канадската полиција ги откри телата на петмина туристи, пропаднати на 500 метри, додека преминувале преку нестабилна испакнатина од мраз, соопшти шефот на спасувачките тимови, пренесува БТА.

Спасувачките екипи добија сигнал за инцидентот во саботата, доцна попладне. Претходно таа вечер, во подножјето на врвот Харви беа откриени четири тела. Петтото тело беше откриено неколку часа подоцна.

Шестиот турист од истата група заостанал зад другите. Откако стигнал до врвот, останатите петмина биле исчезнати, изјави Мартин Колуел, шеф на спасувачките тимови. Според него, групата стапнала на испакнатина од снег и мраз, која се урнала под нив.

Жртвите биле од Британска Колумбија и учествувале во редовна туристичка група, соопшти Колуел. Користењето на патеките кон Монт Харви не е опасно, но блиску до врвот има некои стрмни карпи, а приближувањето до нив може да е опасно при сегашните зимски услови, додаде тој.

Претстои судскиот лекар и официјално да ги идентификува загинатите.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто