Петмина повредени во гранатирањето на Харков

Од:

Русија изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов.

Бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади на населените области.

Синјехубов исто така изјави дека руската армија погодила станбена зграда во Кившаривка, мал град источно од Харков. Во тој напад е повредено едно лице, но се стравува дека многу луѓе се заробени во урнатините. Гувернерот на регионот Харков додаде дека континуираното гранатирање од руска страна создава дополнителен проблем за спасувачките сили на теренот.

Последниот голем напад на Харков го изврши Русија на последниот ден од октомври, кога беше погодена станбена зграда, при што загина 11-годишно дете, а тешко и полесно беа повредени најмалку триесетина луѓе.

Би можело да ве интересира

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина

Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Захарова: Киев се уште е опседнат со поразот на Русија

Горан Наумовски