Петмина Америкаци загинаа при експлозија во јужен Авганистан

Од:

Петмина американски војници загинаа денеска при експлзоија на бомба во јужениот дел на Авганистан, соопшти претставник на силите на САД во Кабул.

Со најновите жртви, бројот на загинати странски војници во Авганистан последнава недела се искачи на осум. На почетокот на оваа седмица при експлозија на бомба поставена крај пат во јужната авганистанска провинција Халманд беа убиени тројца припаници на британските Вооружени сили.

Кон крајот на минатата недела талибанците сооопштија дека започнаале „пролетна офанзива“ во чии рамки ќе ги засилат нападите врз странските воени цели и врз дипломатските претставништва.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан