Петков: Подготвени сме за малцинска влада

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.

Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.

Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

Претходно, Трифонов најави повлекување на мминистрите од таа партија кои се во владата поради две причини.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година