Ураганот Фунг-Вонг, кој на Филипините го нарекоа Марио со поројни дождови и ветер кој од четвртокот до петокот дуваше со брзина од 95 до 120 километри, а донесе и 300 литри дожд на метар квадратен, преизвика големи поплави и смрт на најмалку петмина жители во предградијата на главниот град Манила.
Над 200.000 Филипинци синоќа беа евакуирани од своите домови, најмногу поради стравот дека и онака поплавената Манила може да настрада уште повеќе од надојдените планински реки во околината на главниот град.
Ураганот го напушта Филипинскиот архипелаг и в понеделник ќе стаса до Тајван.