Пет милиони невработени во Франција

Од:

Бројот на невработени во Франција ја достигна бројката од пет милиони лица на целокупната нејзина територија во Европа и прекуокеанските територии, јави дописникот на МИА од Париз.

Невработеноста само во европскиот дел на Франција достигна 3.187.700 лица во февруари, 0,6 отсто повеќе невработени во однос на јануари, што со што армијата на невработени се зголеми за нови 18.400 лица.

Ова е највисока стапка на невработеност од јануари 1997 година, односно невработеноста во Франција постојано расте од мај 2008 година.

Соочена со тешкиот проблем на невработеност, владата на Франција најави вработување на нови 2.000 агенти во Центрите за вработувања кои повеќе не можат да им излезат во пресрет на се поголемиот број на невработени.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз