Пет мигранти се удавиле кај Гибралтар

Од:

Шпанската крајбрежна стража денеска информираше дека пет мигранти се удавиле при потонувањето на бродче источно од Гибралтар. Спасувачите извлекле 53 преживеани мигранти од водите на Средоземно Море.

Во текот на вчерашниот ден шпанските бродови интервенирале кај уште 11 бродови, од кои биле примени 501 мигрант. По затворањето на рутата меѓу Либија и Италија, сега Шпанија е главна дестинација на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Средоземното Море. Гибралтар, каде дистанците меѓу Европа и Африка се исклучително кратки, е една од најпрометните дестинации за мигрантските бродови во изминатиот период.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски