Најмалку пет лица загинаа денеска при уривање на осумкатна станбена зграда во египетскиот град Александрија, пренесоа американските медиуми.
Зградата, сместена во престижен кварт, се урнала додека станарите спиеле.
Седум лица, извадени од урнатините, се повредени. Спасувачите и натаму трагаат по преживеании.
Според агенциите, зградата била изградена само пред пет години. Не е исклучено таа да е една од многуте незаконски изградени објекти, кренати набрзина и со прекршувања на процедурите и технологиите.
Египет досега има доживеано неколку вакви трагедии во последните години, за кои како главна причина се посочуваше непочитувањето на барањата за безбедна изградба.