Пет години затвор за Ли Џае Јонг, првиот човек на „Самсунг“

Од:

Судот во Сеул денеска го осуди првиот човек на јужнокорејскиот гигант „Самсунг“, Ли Џае Јонг, на пет години затвор за давање поткуп и за неколку други кривични дела поврзани со корупција.

Судот не го прифати барањето на обвинителството, за казна од 12 години затвор.

Ли (45) кој раководеше со „Самсунг“, е син на формалниот претседател на оваа голема и престижна компанија во Јужна Кореја и во светот и милијардер, кој поради нарушено здравје се повлече од управувањето со фирмата.

Судскиот процес против Ли траеше повеќе месеци и е дел од големиот корупциски скандал што предизвика смена на претходниот јужнокорејски претседател Парк Геун-хие, која, исто така, е обвинета за корупција.

Ли Џае Јонг е прогласен за виновен затоа што и давал поткуп на бившата претседателка за да ја обезбеди владината подршка за спроведување на едно големо бизнис интегрирање, со кое „Самсунг“ требало да ја засили и онака силната позиција во јужнокрејската економија.

Пресудата против фактичкиот претседател на оваа семејна компанија претставува удар врз угледот и престижот на „Самсунг“, посебно на меѓународниот пазар, па неговите акции на берзата во Сеул, денеска, се намалени за 11 отсто.

Овој пад, меѓутоа, не и попречи на фирмата вредноста на акциите и натаму да бидат на рекордно високо ниво.

„Самсунг“ е најголемиот производител на смарт мобилни телефони во светот и целит негов бизнис чини 15 отсто од вкупната јужнокорејска економија.

Освен за давање поткуп на сменетата претседателка на државата, Ли е осуден и за попречување на правдата, за создавање криминален профит и за криење имот и пари во странство.

Тој ја презеде целосната контрола со управувањето на компанијата, откако неговиот слаб и немоќен татко, во 2014 година преживеа срцев удар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски