Советот на Европската унија соопшти дека донел одлука пет држави од Шенген зоната, Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка да ја продолжат граничната контрола за уште шест месеци.
Одлуката е донесена согласно законскиот текст, кој дозволува извршување на проверки во рамки на Шенген зоната во вонредни услови. Советот прецизира дека оваа ситуација е поврзана со состојбата на обезбедувањето на надворешната граница на ЕУ во Грција.
Советот даде одобрение за продолжување на граничните контроли на австриско-словенечката граница, на фериботката врска меѓу Данска и Германија, на мостот Јоресунд меѓу шведскиот и данскиот брег, како и на норвешките пристаништа, од каде се остваруваат врските со пристаништата во Данска, Германија и Шведска.
Во одлуката се додава дека посочените држави треба да ги известат претходно соседите за ваквите проверки, како и дека тие треба да бидат оправдани и пропорционални.