Песков: Вестите дека Путин е болен се лажни

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Владимир Путин е во добра здравствена состојба, истакнувајќи дека западните шпекулации за здравјето на рускиот претседател се лажни вести.

Песков наведе дека Путин настинал од климата за време на неговата вчерашна посета на Техеран.

Меѓународното следење на здравјето на Путин е засилено изминатите месеци. Така имаше и различни интерпретации на неговите фотографии на средбите со странски и руски официјални лица, каде што тие седат на спротивните краеви на долгите маси како мерка на претпазливост поради Ковид-19. Исто така беше коментирано и одењето на Путин односно дека изгледа вкочането.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Таткото на Илон Маск: Би било глупаво да не му се восхитуваме на Путин

А1он

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски