Песков: Русија ќе побара повеќе детали за самитот на Г7

Од:

Предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп да ја покани Русија на проширен самит на Групата седум најразвиени земји (Г7) подоцна оваа година покрена повеќе прашања отколку што понуди одговори, но руските дипломати ќе бараат појаснување од Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е формат во кој Русија не учествува и затоа од почетокот рековме дека во овој момент има повеќе прашања отколку што има одговори, им рече Песков на новинарите.

Песков додаде дека Русија ќе побара повеќе детали за предлогот на Трамп преку дипломатски канали.

Трамп во саботата изјави дека сака да го прошири списокот на поканети на самитот на Г7 со Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија и тоа го повтори во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Пред шест години, Русија беше исфрлена од Г8 по анексијата на Крим од Украина.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот