Песков: Русија ќе го брани мирот во Белорусија доколку дојде до бунт

Од:

Русија е должна да ја обезбеди безбедноста на Белорусија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на изјавите на поранешниот полски заменик министер за одбрана, генерал Валдемар Скржипчак, пренесени од руските државни медиуми.

Полскиот генерал вчера изјави дека постои реална можност во Белорусија да дојде до вооружен бунт и соборување на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Белорусија е наш партнер, сојузник и наша братска држава. Се разбира, Руската Федерација има обврска да ја обезбеди безбедноста на Белорусија, што ќе го направиме во услови на таква очигледна закана, нагласи Песков.

Според него, Полска е непријателска земја за Русија, чие раководство е „живи изливи на русофобија“.

„И гледаме дека оваа земја е непријателска кон нас, всушност отворено зборува за својата намера директно, вклучително и со сила, да се меша во внатрешните работи на соседната земја“, рече портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Песков: Одговорот на Зеленски на Орбан го одразува недостатокот на култура на режимот во Киев

Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Горан Наумовски