Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Од:

Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Сакам да ве потсетам на апсолутно недвосмисленото и директно соопштение на Министерството за одбрана на Руската Федерација од вчера, во кое јасно беше наведено дека ќе следи одговор, рече Песков.

Тој нагласи дека „одговорот ќе дојде во време и на начин што и одговара“ на Русија.

– Но, тоа секако ќе следи – рече Песков.

Украинските војници вчера го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со шест балистички ракети ATACMS, од кои сите беа соборени или оттргнати од системи за електронско војување, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран