Песков: Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира за нов мандат

Од:

Владимир Путин се уште не одлучил дали ќе се кандидира на претседателските избори во март 2024 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин се уште нема дадено никакви изјави за ова прашање. Изборната кампања се уште не е објавена“, рече Песков.

Претседателските избори во Русија се очекува да се одржат на 17 март 2024 година, а одлука за тоа ќе донесе следниот месец Советот на Федерацијата, Горниот дом на парламентот.

Според руските закони, Путин има право да се кандидира за уште еден мандат.

Претходно денеска Ројтерс објави дека Путин одлучил да се кандидира на изборите во март, кои потенцијално би му овозможиле да остане на власт најмалку до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

Баро: Путин сака да избегне мир

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија