Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја отфрла можноста за преговори со Украина, имајќи предвид дека во Украина има легитимни власти.

„Путин не одбива ништо. Тој не ја исклучува можноста за преговори. Тој вели дека таму има легитимни тела, во согласност со уставот на земјата“, рече Песков, а пренесува РИА Новости, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не е личност со која може да се склучи писмен договор бидејќи, како што наведе, „де јуре тоа би било нелегитимно“.

Зборувајќи за условите за почеток на мировните преговори кои Путин ги претстави во петокот – повлекување на украинските војници од новите региони на Русија и трајно откажување од членството во НАТО, Песков рече дека тоа не е ултиматум, туку мировен предлог.

„Тоа не беше ултиматум, тоа беше мировен предлог, кој беше претставен земајќи ја предвид реалноста на теренот“, рече Песков.

Тој додаде дека договорите на хартија се резултат на многу сложени експертски преговори, рамнотежа на интереси и земајќи ја предвид реалноста на теренот, додавајќи дека така ќе биде и овој пат.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Песков: Одговорот на Зеленски на Орбан го одразува недостатокот на култура на режимот во Киев

Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Горан Наумовски