Песков: Путин е информиран за изјавата на Ердоган за рускиот гас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста Анкара да се откаже од купување на руски гас, соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Кремљ сепак се надева дека ќе биде задржана меѓусебната соработка на двете земји, додека операцијата во Сирија од Москва се гледа како помош за обезбедување на безбедноста на границата со Турција, истакна Песков.

Претседателот Путин веќе е информиран за изјавите на Ердоган.

– Ние високо ги цениме билатералните врски со Република Турција. Искрено се надеваме дека тие односи и понатаму ќе се развиваат согласно со плановите, кои беа разговарани меѓу претседателите Путин и Ердоган, изјави Песков.

Според Песков воената операција во Сирија придонесува за воспоставување на безбедноста на границата на Турција, што не е постигната со воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала