Песков: Прерано е да се зборува за можен мировен договор за Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека е прерано да се зборува за можен мировен договор за Украина наскоро и рече дека треба да се почекаат понатамошни случувања.

„Почекајте засега. Прерано е да се зборува за ова“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали преговорите сега се поблиску до склучување договор отколку порано, објави Интерфакс.

Коментирајќи ги протечените телефонски разговори меѓу руски и американски претставници, Песков оцени дека на овие инциденти не треба да им се дава преголемо значење, но предупреди дека „во многу земји, вклучувајќи ги и САД, ќе има многумина кои ќе се обидат да го попречат мировниот процес“.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија