Песков: Обвинувањата на Америка за употреба на хемиско оружје се целосно неосновани

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека наводите кои Стејт департментот ги упати вчера против Русија дека ја прекршила забраната за употреба на хемиско оружје со употреба на агенсот хлоропикрин против украинските војници се „целосно неосновани“.

„Ги видовме вестите за тоа. Како и секогаш, ваквите обвинувања звучат целосно неосновани и со ништо не се поткрепени“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Стејт департментот вчера објави дека „употребата на такви хемикалии не е изолиран инцидент“ и дека „најверојатно е поттикната од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од вградените позиции и да постигнат тактички придобивки на бојното поле“.

Се додава дека употребата на гас „потекнува од истото сценарио и операција на труење“ на починатиот опозициски лидер Алексеј Навални во 2020 година и Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во 2018 година со нервниот агенс Новичок.

Хлоропикрин е забранет агенс во Организацијата за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг, која е основана за спроведување и следење на усогласеноста со Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 година.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Песков: Руските специјални служби се грижат за безбедноста на Путин

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Песков: Одговорот на Зеленски на Орбан го одразува недостатокот на култура на режимот во Киев

Песков: Русија дефинитивно ќе одговори на ракетниот напад АТАКМС на аеродромот во Таганрог

Горан Наумовски