Песков: Обама има фикс идеи

Од:

Обвинувањата на американскиот претседател Барак Обама дека Русија има деструктивна улога во украинската криза, се фикс идеи, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Песков истакна дека изјавата на Обама е спротивна на тврдењата на Стејт департментот, кој вчера призна дека немаат „недвосмислени докази“ дека руски трупи ја преминале украинската граница.

– Повеќе пати соопштувавме дека нема руски војници во Украина, нагласи Песков.

Тој додаде дека ситуацијата покажува неподготвеност да се видат фактите.

– Тоа се само фикс идеи на Обама да и препише на Русија деструктивна улога во развојот на украинската криза, со што ние категорично не се согласуваме, истакна портпаролот на рускиот претседател.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, за време на неговата посета на Естонија, Обама изјави дека руските сили кои во изминатите недели влегле во Украина не се во хуманитарна или мировна мисија, како што тврди Кремљ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски